Катар ќе инвестира 10 милијарди евра во Германија

- Advertisement -

Катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани најави 10 милијарди евра директни инвестиции во Германија во следните пет години.

– Со цел да ја искажеме нашата доверба кон германската економија и важноста за тамошно инвестирање, ја најавувам намерата на Катар да вложи 10 милијарди евра во наредните пет години во Германија, рече Ал Тани.

- Advertisement -

Во својот воведен говор на инвестициската конференција Германија – Катар во Берлин тој истакна дека трговијата меѓу двете земји е двојно зголемена на околу 23,8 милијарди евра, но обемот на економија е со благ пад во 2017 година.

Сподели!
- Advertisement -