Првиот електричен автономен траект почна да сообраќа во Стокхолм

- Advertisement -

Траектот MF Estelle, кој го произведе компанијата Zeabus, е првиот автономен електричен траект кој почна да превезува патници. На траектот во текот на патувањето има и екипаж, кој ќе го напушти на почетокот на идната година. Сообраќајните гужви се постојан проблем ширум светот, а меѓу решенијата се масовниот транспорт и подземните тунели. Во случај со градовите со водени површини, на таа цел може да се додадат и траектите, но конвенционалните методи за поморски транспорт создаваат емисија на јаглерод диоксид и се во спротивност со глобалните цели за преминување на чист транспорт.

Zeabuz е компанија основана во 2019 година со мисија да го направи водениот сообраќај одржлив и да развие автономни решенија за оптимизација на пловните средства. Во соработка со Torghatten, истакната норвешка компанија за воден транспорт, Zeabuz ја претстави својата прва траектна линија меѓу Содермалм и Кунгсхолмен. Тоа е кратка линија која ќе прави 120 патувања дневно и ќе помогне во намалувањето на гужвата на двата патни правци кои моментално ги има меѓу овие дестинации.

- Advertisement -

MF Estelle има електричен погонски систем кој го напојуваат соларни панели, а може да прими 24 патници. Поседува автономен навигациски систем кој работи со најновата технологија на Zeabuz, но во првата фаза при патувањето на траектот ќе има и човек оператор. На почеток траектот ќе има четири патувања во еден час, но услугата постепено ќе се прошири до 15 часа дневно.

Компанијата од Стокхолм сака да понуди виртуелни мостови преку водените површини и да помогне да се намали гужвата по копнените патишта, додека истовремено да понуди опција урбан транспорт кој не ја загадува околината.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Zeabus)

Сподели!
- Advertisement -