- Advertisement -
Такси компанија „Таксивеј“ од Солун, во соработка со Институтот за одржлива мобилност и транспорт, планира во текот на 2019 година да почне да користи електрични такси возила.
Засега главен предизвик за воведувањето на електричен такси превоз во Солун е изградбата на постројки за брзо полнење на возилата, кои ќе мора да бидат наполнети најмалку еднаш во текот на денот.
- Advertisement -
Се очекува грчката Влада да ја финансира првата фаза од овој проект, а веќе во октомври Институтот ќе излезе со студија за тоа кои се најдобри локации за станиците за полнење.
МИА
- Advertisement -