На Швајцарија и снемува снег – познатиот ски-центар изгуби 1/5 од снегот од глобалното затоплување!

- Advertisement -

Во Швајцарија, позната по своите луксузни ски-ресорти и прекрасни снежни планини снемува снег, покажува најновото научно истражување. Врвните сателитски податоци покажуваат дека популарната дестинација за зимски одмор во изминатите 12 години изгубила една петтина од снегот.

На некои од најдобрите ски-ресорти во земјата се топи снегот, вклучувајчи и делови од Алпите. Топењето се заканува да ја тргне од тронот како една од најдобрите ски дестинации во светот. Научници од Универзитетот на Женева во Швајцарија анализираа 22 години сателитски податоци од целата територија на Швајцарија, пренесува Daily Mail.

- Advertisement -

Тие потврдија дека повеќе од 5.000 квадратни километри снег изчезнале од земјата во текот на изминатата деценија. Од 1995 до 2005 година на 36% од територијата на Швајцарија имало малку или воопшто немало снег, а шансите за заврне биле само 20%. Минатата година тој процент на територија без снег се зголемил на 44%! Научниците тоа го припишуваат на глобалното затоплување.

- Advertisement -

Оваа промена влијае на врвните ски-ресорти во Швајцарија, вклучувајќи ги и тие околу планините Јура и Алпите. За ова истражување научниците користеле податоци од Swiss Data Cube, каде што се складирани 6.500 сателитски снимки во изминатите 34 години.

Научниците можат да го следат паѓањето на снегот со поставување сателитски снимки на истото место и прецизно следење на промените со текот на времето благодарение на сателити за опсервација кои постојано поминуваат над истата локација. „Вечната снежна зона“, каде што веројатноста да падне снег се движи од 80% до 100%, од 1995 до 2005 година покривала една четвртина од површината на Швајцарија. Сепак, десет години подоцна, таа површина се намалува за 15% – загуба еднаква на 2.000 квадратни километри.

Сподели!
- Advertisement -