Кога не се занимава со правење ракети и електрични автомобили, Илон Маск се занимава со најбитното – измислување нови бизарни производи. Неговата компанија Tesla неодамна побара заштита на името Teslaquila, што е резултат на првоаприлската шега на Маск во која најави лансирање на сопствен бренд од овој алкохолен пијалак, пишува SEEBiz.eu.
Очигледно, шегата стана реалност затоа што Канцеларијата за патенти на САД ја прими нивната официјална пријава на патент со ова име, кое се однесува на дестилиран алкохолен пијалак од агаве. Откако американските медиуми ја објавија оваа информација, Маск на Twitter напиша дека Teslaquila навистина ќе биде лансирана, а објави и фотографија која би требало да биде прототип на шишето со етикета од новата марка пијалак.