Научници од Универзитетот Сари заедно со истражувачи од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ и Универзитетот Калифорнија развија нов 3Д печатен патеријал кој има огромна цврстина. Новиот материјал е цврст како метал, но доволно е флексибилен за да издржи силни вибрации кои можат да ја трансформираат автомобилската индустрија, велат научниците.
Тимот истражува вештачки создаден материјал составен од испреплетена мрежа која трпи голем товар и мрежа која слободно лебди. Тие ја направиле оваа речиси невозможна комбинација со користење 3Д ткаени листови технички текстил со селектирани неврзани влакна, така што внатрешноста на материјалот може да се движи и да ги апсорбира вибрациите, додека надворешниот дел останува цврст.
Тридимензионалниот материјал се прави во две фази. Во првата материјал составен од метални жици се ткае со испреплетување жици, а потоа со други жици се врзува за да се добие поголема цврстина. Во втората фаза се заваруваат жиците во 3Д цврста рамка.
„Идејата за овој композит го решава парадоксот со цврстината. Ова е возбудлив момент кој може да ја смени индустријата за автомобили, за возови и за истражување на вселената. Ова е материјал кој ќе ги направи возилата од иднината поудобни од кога било“ велат научниците.
Крајниот резултат е материјал кој може да се спореди со полимерите во поглед на коефициентот на пригушување, но истовремено е порозен и може да трпи многу повисоки температури.