Кои се телевизиските куќи од регионот кои остваруваат најголеми приходи?

- Advertisement -

Специјализираниот портал за медиуми на подрачјето на Југоисточна Европа, Media Daily, направи анализа на приходите на 20-те најголеми комерцијални телевизиски куќи во регионот за 2017 година, а на листата се најдоа осум ТВ куќи од Србија, четири од Хрватска, четири од Босна и Херцеговина, три од Словенија , една од Македонија и ниту една од од Црна Гора.

ТВ Сител е единствената ТВ куќа од нашата земја која е во друштво на телевизиите со најголеми приходи во регионот.

- Advertisement -

На листата на приходи на најголемите комерцијални телевизиски куќи во регионот се наоѓа на десетто место и според објавените податоци, во 2017 година направила приход од 7, 3 милиони евра.

Првото место го зазеде словенечката Про Плус, која ги емитува каналите Поп ТВ и Канал А и тоа со раст на приходите од 61,9 милиони евра, што е седум милиони повеќе отколку во 2016 година. Зголемувањето на приходите се должи телеоператорите кои ја зголемија цената на претплата за граѓаните. Дополнително, на почетокот на 2017 година, Про Плус го прекина бесплатното емитување и стана најголемиот Pay TV канал на подачјето на Југоисточна Европа.

- Advertisement -

Комерцијалната ТВ-куќа која го зазеде второто место е хрватската НОВА ТВ, која се искачи од минатогодишното трето место. Оваа комерцијална телевизиска куќа во 2017 година оствари приходи од 52,5 милиони евра, што претставува пораст од 65 илјади евра во споредба со претходната година.

Најголемо изненадување на листата беше Пинк Интернационал, која падна за две места на оваа листа за една година. Имено, во 2016 година српската ТВ куќа со приходи од 57,9 милиони евра беше на врвот на листата, додека оваа година забележа пад од 5,5 милиони евра. Оваа година сопственикот на Пинк, ги продаде своите удели во Пинк Босна и Пинк Црна Гора на компанијата Direct Media во сопствеништво на United Media.

- Advertisement -

Потоа следи хрватската РТЛ која минатата година оствари приходи во вредност од 40,7 милиони евра и успеа да го задржи четвртото место на листата. Авторите на истражувањето додаваат дека РТЛ е најголемата медиска групација во Европа, која сеуште го чека вистинскиот момент за пробивање во регионот.

Најголем пораст на приходите е забележала Ал Џезеира Балкан и тоа неверојатни 240 проценти. Поточно, во 2016 година, оваа ТВ куќа имала приходи од 5,8 милиони евра, а за само една година приходите се зголемиле на 19,2 милиони евра, а со тоа се искачи од десетто на седмо место. Од друга страна, речиси двојно помалку приходи оствари ОБН и заради тоа падна од деветто на 18-то место.

Marketing365.mk

Сподели!
- Advertisement -