ЕБОР прогнозира раст од 2% за македонската економија

- Advertisement -

Најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој за растот на македонската економија за годинава е два отсто. Во извештајот за економските перспективи, ЕБОР за 2019 година предвидува раст на БДП од три проценти.

Во делот за Македонија Банката наведува дека се забележува умерено раздвижување, но се уште помало од вкупниот раст на регионот.

- Advertisement -

ЕБОР предвидува раст во регионот на ЈИЕ од 3,5 отсто. Највиок се прогнозира во Србија и Црна Гора од 4,2 отсто, Албанија и Косово по четири, Бугарија 3,6 отсто, БиХ три и во Грција од 2,2 отсто.

Претходно, Светска банка објави дека растот на македонската економија годинава ќе биде 2,5 отсто, а според ММФ 1,6 отсто. Владата го ревидира растот на БДП на 2,8 отсто, а Народната банка на РМ на 2,3 отсто.

Сподели!
- Advertisement -