Во иднина предавања на факултети и на конференции ќе држат холограми

- Advertisement -

Технологијата многу го смени начинот на учење затоа што ни овозможи до сето знаење од светот да пристапиме со допир на прстот на екран, а наскоро ќе ни овозможи и нов начин на предавање, кој во конференциските сали и салите ќе донесе холограми.

Во иднина предавањата на факултетите и на конференции ќе ги држат холограми на предавачите. На пример, тие ќе можат да бидат во некое студио во Њујорк, додека нивниот холограм ќе се прикажува во Лондон, а ќе можат да комуницираат со пубиката исто како да се во салата.

- Advertisement -

Први во ваквиот начин на предавање ќе уживаат студентите на Империјалниот бизнис колеџ во Лондон, на кој минатата недела беше одржано првото холограмско предавање. За разлика од предавањата преку видеоповик, благодарение на холограмите предавачите ќе бидат виртуелно присутни во салата и ќе држат предавање.

Станува збор за 3Д холограми, па учениците и студентите ќе имаат впечаток дека предавачите навистина се присутни во салаѕа. Исто така, предавањата нема да бидат снимани или репродуцирани, туку ќе се одржуваат во живо и предавачите ќе можат да комуницираат со студентите, да одговараат на нивните прашања, да ги гледаат поединците во очи кога им се обраќаат и слично.

- Advertisement -

Ваквиот начин на предавање е многу поедноставен и поевтин. Нема да се плаќаат авионски билети, сместување итн., а искуството е слично како предавачите навистина да се во салата. Постои можност за снимање и потоа репродуцирање на предавањата на холограмите, но тогаш нема да има интеракција со публиката.

На почеток вакви предавања ќе се одржуваат од Њујорк и Лос Анџелес, а предавачите ќе мора да бидат во студија за снимање со црна позадина осветлени од двете страни. Оваа технологија ја разви канадската компанија AHRT Media и веќе е користена за приказ на познати личности како Елвис и Мајкл Џексон.

Сподели!
- Advertisement -