Највисоката статуа во светот се издигна во Индија

- Advertisement -

Токму според плановите, највисоката статуа во светот официјално и беше претставена на јавноста во Индија. Statue of Unity е висока речиси 182 метри, а е направена според ликот на индискиот борец за слобода Валабхаи Пател. Посветена беше на индискиот премиер Шри Нарендра Моди на церемонија на 31 октомври.

- Advertisement -

Популарно познат како Сардар Пател, дури и како Железниот човек на Индија, Пател е запаметен како клучен играч во борбата за независност од Британија во текот на 20-тиот век. Statue of Unity не е само споменик за оваа историска фигура, туку е и битен инженерски елемент. 

Без основата, статуата е висока 182 метри и е поголема за речиси 30 метри од претходниот рекордер по висина храмот Spring Temple Buddha во Кина, висок 153 метри, додека Статуата на слободата не е ни половина од висината на овој облакодер. 

- Advertisement -

Потребни биле речиси четири години за да се комплетира, а датата на официјалното откривање беше избрана за да се совпадне со 143-тиот роденден на Пател.

Сподели!
- Advertisement -