Милијардерот Јури Милнер заедно со НАСА ќе бара вонземјани на месечината Енцеладус

- Advertisement -

Руско-израелскиот милијардер Јури Милнер ја планира својата прва приватна мисија во вселената, а НАСА му помага. Милнер се надева дека на месечината на Сатурн, Енцеладус, ќе пронајде живот. Многу експерти веруваат дека тоа е местото каде што најголема е веројатноста да се најде вонземски живот во вселената.

Како што пишуваат медиумите, НАСА и непрофитната фондација Breakthrough Starshot Foundation во септември потпишаа договор со кој се утврдија научните, техничките и финансиските аспекти од амбициозната мисија. НАСА ќе инвестира повеќе од 70.000 долари за изработка на концепт студија за мисијата.

- Advertisement -

Научниците целат дека Енцеладус е ледено вселенско тело кое е единственото во соларниот систем освен Земјата кое ги има потребните услови за живот. Како што покажаа истражувањата на НАСА годинава, природниот сателит исфрла органски молекули, кои се предуслов за миробски живот, од течниот океан под површината.

Истражувачите велат дека резултатите од студијата навистина ги зачудиле и дека може да го променат правецот на идната потрага по вонземски живот. И НАСА и Европската вселенска агенција размислуваат дали да организираат свои мисии до Енцеладус. Улогата на НАСА во мисијата Breakthrough на Милнер ќе биде да обезбеди научно и техничко советување, како и експертиза на полето на астробиологијата, планетарните науки, биологијата и другите науки од Земјата, како и за планетарна заштита.

- Advertisement -

Енцеладус е оддалечена 1.010 милиони километри од Земјата, екстeремно е ладна и има ледени вулкани низ пукнатините на површината. Научниците долго време се  сомневаат дека оваа месечина може да има живот на неа. Месечината постојано исфрла вода и ледени честички од својот океан преку хидротермални вентили.

Сподели!
- Advertisement -