Долгиот список на експерти и компании кои гостуваат на GEW 2018 Skopje

- Advertisement -

Иновацијата не е лесна, но постојат модели кои можат да придонесат кон побрзо експериментирање и тестирање на нови продукти. Тоа веќе се случува во глобални рамки каде не само VC инвеститори, туку и традиционални компании инвестираат во стартапи и таканареченото “new venture creation”. Причината е едноставна – стартапите можат многу побрзо да креаираат минимум продукт кој ќе прилече први корисници и приходи, споредено со традиционалниот R&D каде продуктите може да се валидираат со години пред да се пуштат во продажба.

GEW Skopje 2018 е настан кој на 14-ти ноември ќе се обиде да го претстави концептот на “Corporate Innovation” во Македонија. GEW e oрганизиран од Startup Macedonia, со поддршка на Проектот на USAID за развој на деловниот екосистем, Swiss EP, МАСИТ, ФИТР и Fitbit Innovation. Настанот е дел од Global Entrepreneurship Week иницијативата преку која се слави иновативноста во 170 земји ширум светот.

- Advertisement -

„Избравме специфични говорници  бидејќи сакавме да дојдат во Македонија и да ни ги пренесат своите искуства од проктите што работеле – што најчесто вклучуваат успешно интегрирање на стартапи и иновативни продукти во корпоративна околина”, вели Симона Чаминска, представник на Global Entrepreneurship Network во Македонија.

Гостите кои ќе присуствуваат на настанот ќе зборуваат за како нивните компании успеале да иноваираат со нови продукти и соработки со стартапи. Гости ќе бидат и инвеститори, како и одберени локални компании и стартапи кои секојдневно работат на иновативни решенија.

- Advertisement -

Запознајте ги експертите:

Кеи Шимада кој ќе се обрати преку видео од далечната Јапонија. Кеи е основач на i3 Lab на IBM и ќе зборуваме за дигиталната трансформација во корпоративни средини.

- Advertisement -

Ферух Гуртас кој ја води програмата за иновации за MENA регионот во INTEL. Неговата експертиза е дизајнирање на програми за општествена одговорност што придонесуваат кон покреативни бизниси.

Рарес Флореа, CEE менаџер на Fitbit, една од најиновативните компании во областа на фитнес преносни уреди.

Оскар Рамирез, директор на Startup Commons, организација што работи на зајакнување на стартап екосистеми ширум светот. Методологијата на  Startup Commons беше искористена за истражувањето на македонскиот екосистем.

Инвеститорите:

Валто Лоиканен, основач и директор на GrowVC, фонд кој специајлизира во финансиски иновации и дигитална инфраструктура.  
Татјана Забасу од South Central Ventures, фондот кој има инвестирано неколку милиони евра во македонско-британските стартапи inPlayer и Cognism. Таа ќе пренесе искуство за како стартапите остваруваат соработки со традиционални бизниси.

Јован Деспотовски кој го води  Фондот за иновации, државниот фонд што инвестираше во над 50 иновативни компании и решенија.

Стартапите:

– InPlayer, македонско-британски стартап кој доби 2 милиони евра од SCV за да развијат решенија за монетизација на видео стримови.

Embed Social, иновативен македонски стартап кој успева да претстави нови маркетинг решенија за зголемување на продажби.

Solveo, македонски експерти во design thinking принципи кои работат и ги имплементират тие принципи во традиционални бизниси.

Adeva, македонски стартап кој гради платформа што ќе го иновира начинот како се регрутираат и менаџираат софтверски инженери.

Doxout, стартап кој работи на решение што овозможува контрола на документи на било кој уред.

Brainster, еден од најуспешните академии и истовремено иновативен стартап кој се обидува да ја подобри едукацијата на новата генерација маркетери и претприемачи.

Vrootok, креативна маркетинг агенција која работи со интернационални клиенти преку фриленс платформи.

Поддржувачите на екосистемот:
Проектот на USAID за развој на деловниот екосистем, Swiss EP, МАСИТ, ФИТР, Crimson Capital, CEFE Macedonia, Social Impact Lab, SEETech Park, CEED Macedonia, Creative Hub, Codefest, Inovativnost.mk, IT.mk…

Gew e закажан за 14 ноември во Јавна Соба. Повеќе детали ќе најдете на официјалниот сајт.

Сподели!
- Advertisement -