Неуронаучници објаснија како кафето го прави нашиот мозок поздрав

- Advertisement -

Досега секаде можевме да прочитаме и да слушнеме зошто кафето е добро за нас, како го подобрува здравјето и како помага за подолг животен век. Едно ново истражување направено од неуронаучници покажува корелација помеѓу поголемата консумација на кафе и подобриот и поздрав мозок. За да се чувствувате подобро поради вашата зависност од кафе, резултатите од истражувањето ви одат целосно во прилог.

Постои врска меѓу пиењето голема количина кафе и намалениот ризик од Паркинсонова или Алцхајмерова болест. Тоа е најинтригантниот заклучок донесен со истражувањето објавено минатиот месец во списанието Frontiers in Neuroscience. Иако сите веднаш ќе помислат дека за тоа е заслужна главната состојка на кафето – кофеинот, сепак тоа не е така.

- Advertisement -

Тајната се крие во состојката наречена фенилиндан, кој се создава при процесот на пржење кафе. Колку подолго се пржи кафето, толку е поголема количината на фенилиндан, што значи дека и кафето подобро ќе влијае на токсичните белковини како тау и бета-амилоидите, кои се врзуваат со појавата на Паркинсонова и Алцхајмерова болест.

Ако некогаш се најдете во ситуација да се почувствувате дека сте испиле премногу кафе и се плашите да не има некаков ризик по здравјето, благодарение на ова истражување и добиените резултати треба да се почувствувате подобро. Засега заклучоците од сите истражувања се базирани на тоа да продолжите да пиете што повеќе кафе. Или барем немојте да го избегнувате поради страв од здравствени проблеми.

Сподели!
- Advertisement -