Уште еден телефон на преклоп стигнува на почетокот на 2019 година

- Advertisement -

Следејќи ги светските трендови и најавите на конкурентските производители, кинеската компанија Oppo соопшти дека својот паметен телефон на преклоп ќе го претстави на почетокот на 2019 година. Како што изјави менаџерот на компанијата, Чак Венг, за холандскиот сајт AndroidWorld.nl, планот e новиот модел да биде претставен на Mobile World Congress во февруари во Барселона.

„Знаеме дека Samsung и Sony веќе работат на телефони на преклоп. И од Oppo може да очекувате нешто такво, можеби веќе на MWС” изјави тој.

- Advertisement -

Бидејќи уште нема детали за карактеристиките на идниот модел, постои можност Oppo да го претстави само прототипот, кој нема да биде подготвен за на пазар. Познато е дека Oppo има неколку патенти за дизајн на смартфон на преклоп, од кои еден може да се расклопи и да се добие двапати или трипати поголема површина на екранот.

Дека ова дефинитивно е следниот чекор во развојот на паметни телефони покажува и тоа што Samsung веќе го претстави својот уред со т.н. Infinity Flex екран, чија продажба би требало да почне во март 2019 година. Huawei исто така работи на свој телефон на преклоп, а Lenovo и Xiaomi веќе објавија тизери за своите прототипови.

Сподели!
- Advertisement -