Twitter ќе го дуплира брoјот на карактери на 280

- Advertisement -

Twitter ќе го прекине тестирањето на употребата на двојно повеќе карактери од вообичаено на глобално ниво. Потегот доаѓа откако повеќе од два месеци се тестира опцијата со повеќе карактери за полесно изразување на корисниците. Twitter ги имаше ограничено карактерите на 140 уште од ласнриањето во 2006 година. Постоеја мислења дека поголемиот број карактери ќе има негативен ефект врз краткоста на социјалната мрежа, по која е позната.

Како што прнесува The Guardian, дуплираните карактери ќе важат за сите јазици освен за кинески, јапонски и корејски, каде што повеќе информации можат да се изразат со само еден симбол. Проширувањето е дел од планот социјалната мрежа да стане подостапна и попривлечна. Twitter „војува“ со Facebook, Instagram и со Snapchat, па сака да ги зголеми приходите и да привлече нови корисници.

- Advertisement -

Од Twitter веруваат дека поголемиот простор за пишување ќе придонесе за корисниците помалку да ги менуваат своите постови и побрзо и полесно ќе го кажат тоа што сакаат. Twitter има околу 330 милиони активни корисници месечно од целиот свет.

Сподели!
- Advertisement -