Додека повеќето семејства се собираат околу трпезата со печена мисирка и се заблагодаруваат за храната, научници направија нешто многу поинакво – го претворија изметот од мисирките во гориво. Тим од Универзитетот Бен-Гурион во Израел работат на начини на трансформирање на изметот во ресурси и експериментираат со различни форми на измет. Тие велат дека кога изметот на мисирките се загрева на соодветна температура се трансформира со црврста форма на јаглен и може да биде обновлив ресурс и гориво за фабриките.
Предводени од професорот Амит Грос, кој е декан на Катедрата за хидрологија и микробиологија, тимот почнал да работи со изметот од мисирките затоа што го имале во изобилство. Кај нив тоа е еколошки проблем и луѓето се уште не знаат што да прават со него, вели Грос. Тимот работел на усовршување на рецептот, но тие велат дека кога се работи со измет од мисирки има само две опции – или ќе се претвори во каша или ќе се испече.
Истражувачите го загревале изметот на различни температури. Кога го „готвеле“ на температура од 250°C, добивале супстанција која содржи најмногу енергија. Таа супстанција тие ја нарекле хидрокатран, а се состои од честички од биомасата и вода. Може да се гори како јаглен, а течноста која е нуспроизвод, составена од јаглен и азот, може да се користи како ѓубриво.
Според нив, тие почнале да работат со живинарски измет затоа што азотот е повеќе застапен кај птичјиот измет отколку кај другите животни. Како бонус од претворањето на изметот во гориво, постои веројатност дека дел од тој азот може да се залови и да се користи како ѓубриво.
Истражувачите од Бен-Гурион велат дека во светот годишно се добиваат 625-938 милиони тони живинарски измет. Со претворање на тој измет во гориво може да се заменат 10% од јагленот за генерирање електрицитет и значително да се намали емисијата на стакленички гасови.