Пазарот за електрични велосипеди ќе надмине вредност од 25 милијарди долари

- Advertisement -

Во светот минатата година беа продадени 34 милиони електрични велосипеди, а се очекува дека нивната продажба до 2023 година ќе надмине 40 милиони примероци. Огромен број од произведените електрични велосипеди одат за Кина, додека остатокот главно се распоредува на пазари во Еврпа и во САД.

Се наведува дека Америка, иако каска зад Азија и Европа, последните две години бележи најголем раст на продажбата на електрични велосипеди – 25% годишно, а во Европа предничат Холанѓаните, Австријците и Данците, додека како сериозни производители се наметнуваат и Португалците, пренесува SEEBiz.eu.

- Advertisement -

Глобалниот пазар на електричи велосипеди расте со голема брзина, а прогнозите велат дека таквиот тренд нема наскоро да прекине затоа што жителите на градовите се повеќе сакаат да поседуваат зелени, ефикасни, но и економични превозни средства.

Наглата експанзија на користењето на е-велосипеди е овозможена од наглиот пад на цените за производство на литиум-јонски батерии. Дoполнителен замав на продажбата се очекува и од властите на најголемите градови во светот, кои веќе со години се соочуваат со проблеми врзани за сообраќајниот метеж и загадениот воздух.

- Advertisement -

Кинезите уше сега толку масовно користат електрични велосипеди што пред две години беше забрането возење на такви велосипеди на улиците на Пекинг и неколку други градови. И покрај фактот дека Кина претставува повеќе од 4/5 од глобалниот пазар и дека таму има повеќе од 700 компани кои прават електрични велосипеди, како и дека бројот на е-велосипеди во земјата се проценува на неверојатни 200 милиони. Kинеските власти пред две години воведоа забрана за такви велосипеди во десет најголеми градoви во земјата поради пренаселеност.

Во текот на наредната деценија како клучен играч на пазарот за електрични автомобили се прогнозира Индија. Освен тоа дека по бројот на жители ја надминува Кина, во Индија има и субвенции за купувачите и за производителите на електрични велосипеди. Тоа е се во рамките на националната стратегија до 2035 година да се исфрлат од употреба сите возила кои користат фосилни горива.

Сподели!
- Advertisement -