Hyundai патентираше технологија за отклучување на автомобилите со отпечаток

- Advertisement -

Последните години биометријата целосно го замени класичниот начин на отклучување на телефоните со пин, лозинка, шема и слично. Наместо да внесуваме броeви денес е доволно да го погледнеме телефонот или да го ставиме прстот на сензор. Слична технологија во иднина ќе се користи и кај автомобилите, а една од првите компании кои почнуваат со имплементација на биометријата во своите возила е Hyundai.

На саемот за автомобили кој минатата недела се одржа во Кина оваа компанија најави дека во моделот „санта фе 2019“ сензорот за отпечатоци од прст ќе биде поставен на кваката за отворање и на типката за стартување на возилото. Значи, ќе биде доволно само да се постави прстот на кваката и вратата веднаш ќе се отвори, а наместо со клуч, автомобилот ќе се стартува со допир со прст.

- Advertisement -

Се разбира, сензорите нема да бидат ограничени само на еден отпечаток од прст туку ќе можат да паметат повеќе отпечатоци, што е корисно ако повеќе членови од семејството го возат истиот автомобил. Автомобилот според отпечатокот ќе знае кој го отклучил и ќе ги направи сите подесувања за конкретната личност – од позицијата на седиштетот и воланот до температурата.

На почетокот опцијата за биометрија ќе се појави само на кинескиот пазар, но веројатно подоцна ќе ја има и на другите пазари. Се поставува прашањето колку е безбедно отклучувањето со отпечаток и дали некој ќе може само да го стави прстот на копчето за стартување и да го украде автомобилот. Од Hyundai велат дека шансите за грешка на сензорите изнесува 1:50.000, што е исто како кај уредите на Apple.

Сподели!
- Advertisement -