Хрватска со дронови ќе го контролира користењето на земјоделските субвенции

- Advertisement -

Хрватска во текот на наредниот седумгодишен буџетски период, благодарение на новите технологии, ќе може поефикасно да ја контролира злоупотребата на исплатата на земјоделските субвенции, изјави хрватскиот министер за земјоделство, Томислав Толушиќ.

Министерот Толушиќ, кој во Брисел учестува на состанокот на министри за земјоделство од земјите-членки на ЕУ, вели дека инспекторите многу тешко можат да проверат се и да утврдат како се користат субвненциите со оглед на големите површини, но тоа ќе се промени со набавка на дронови.

- Advertisement -

„Се надевам дека наскоро ќе можеме да ги користиме сите модерни технологии. Користењето дронови во наредниот буџетски период ќе овозможи 100% контрола“ изјави министерот. Она што е битно за земјоделците е дека и покрај бомбастичните најави, не треба да се грижат. Ќе имаат исто или повеќе пари отколку што добиле во 2018 година и така ќе биде и во наредните години.

Сподели!
- Advertisement -