MasterCard го отстранува името од своето лого

- Advertisement -

Mastercard се приклучи на групата брендови како што се Nike, Apple и Target кои користат само слика, но не и името во најголем дел од своите маркетинг-материјали. Компанијата го отстранува името MasterCard од двата жолти и црвени кругови кои се преклопуваат, каде што стоеше повеќе од 50 години.

Тоа укажува и на промената на природата на валутната размена. Една од првобитните кредитни картички, претходно позната како Master Charge, од MasterCard се обидоа во последните години да ја дефинираат како технолошка компанија во глобалната индустрија за плаќање.

- Advertisement -

Њујоршката компанија The Purchase соопшти дека повеќе од 80% од луѓето го препознаваат логото на MasterCard дури и кога не е присутен називот на компанијата.

Сподели!
- Advertisement -