Tip of the Week – Промоција

- Advertisement -

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење

Иако целиот свој професионален живот го поминав во маркетинг, рекламирање, промоција и себе се сметам за знаен во таа област, еднаш еден мој пријател најдобро ми објасни што е промоција (не велам маркетинг). Ми вели, „Рибата кога се мрести, положува илјадници икри и безгласно ја отвора устата. Никој не слуша и не знае за тоа. Додека, пак, кокошката ќе снесе едно јајце и цело село дознава. Е тоа е промоција”.

Тоа истото се случува секојдневно и во нашиот приватен и професионален живот. Колку пати ќе си кажеме за некој производ/услуга, кој силно се промовира и има голема продажба, дека не е најдобрата опција што ја знаете. Има многу подобри и поквалитетни производи. Исто така, ова се однесува и за личните промоции, кои се актуелни на социјалните мрежи. Имате влијателни личности или т.н. „инфлуенсери” кои собираат по неколку илјадници следбеници, а своето влијание го креирале „лупајќи“ глупости, „тресејќи зелени“, без никаква релевантна содржина или квалитет на информациите. Тие се само гласни и постојано присутни.

- Advertisement -

Од друга страна, имате многу прекрасни производи, како и многу мудри и паметни луѓе, кои не можат да се пробијат или да видат „бел ден” поради тоа што не сакаат да се промовираат или не знаат како. Поради тоа, во некои случаи ќе се случи, „бижутеријата” да ги поставува стандардите.

Овој текст не го пишувам од аспект на тие што лажно се промовираат и ги истакнуваат своите квалитети. Со нив внимателно, и само можам да ве посоветувам да бидете претпазливи и рационални при изборот. Овој текст повеќе се однесува на оние што имаат квалитет, а не знаат/сакаат да го истакнат.

- Advertisement -

Бидејќи другите нема да се замолчат, она што вие може да го направите е ВИЕ да викнете и да бидете „кокошката”. Ако имате квалитет, вашиот глас, производ или услуга има вредност, влијае на подигнување на стандардот, тогаш не се плашете ВИКНЕТЕ, бидете бучни и повеќе агресивни со вашата промоција! А, доколку не знаете како да го направите тоа, посоветувајте се со стручни лица (но, соберете искуство и мислење од повеќе места).

Со успех во промените,

- Advertisement -

Петар Лазаров,

член на тимот

Сподели!
- Advertisement -