Покрај овој филм, номинирани за Оскар за најдобри визуелни ефекти се и: „Кристофер Робин“, „Првиот човек“, „Спремен играч број еден“ и „Соло: Приказна за Војна на ѕвездите“. Инаку, како што истакнуваат од ФХ3Х, во 2018 реализирале 20 проекти, од кои 16 во филмска и четири во телевизиска продукција.
Филмови на кои работела компанијата се: „Црниот пантер“, „Томб Рајдер“, „Дедпул 2“, „Светот на Јура: Паднатото кралство“, „Еквилајзер 2“, „Шпионот кој ме откачи“, „Мег“, „Невозможна мисија: Пребројување“, „Предатор“, „Венум“, „22-рата милја“, „Крид 2“, „Аквамен“ и „Мери Попинс се враќа“. Инаку, од филмовите на кои има работено ФХ3Х досега 18 биле номинирани за Оскар. Од нив, Оскар добиле „Златниот компас“ (2008), „Животот на Пи“ (2013) и „Ранго“ кој доби Оскар за анимација во 2012 година.