Во понеделник почнува првата фаза од пописот

- Advertisement -

Во понеделник почнува пописот на лицата кои се наоѓаат во странство. Попишувањето во странство ќе трае од 1 до 15 март, а исто така од понеделник ќе биде овозможено и самопопишувањето на македонските државјани кои престојуваат во странство поради работа или други лични причини подолго од 12 месеци. Самопопишувањето на оваа категорија ќе трае од 1 до 21 април.

Како што информираа денеска директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски и министерот за надворешни работи, од 1 до 15 март ќе се попишуваат:

- Advertisement -
  • Вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство;
  • Македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации;
  • Претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство;
  • Воени претставници на Армијата во странство
  • Граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица
  • Сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.

Османи истакна дека МНР преку дипломатско-конзуларните претставништва ќе биде логистичка поддршка, со цел информирање на македонските државјани во странство и одговарање на прашања. Тој појасни дека во рамките на Министерството веќе се обезбедени посебни линкови и телефони за контакт, а ќе се користат и социјалните мрежи за контакти со македонските државјани во странство.

Покрај овие категории чие попишување ќе се прави со логистина од МНР, директорот на ДЗС информираше дека во првата половина од март заедно со Министерството за правда ќе се попишуваат лицата што се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, додека заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе се попишат бездомниците.

- Advertisement -

Самопопишувањто преку веб-апликација

Кога станува збор за самопопишувањето на оние кои се во странство подолго од 12 месеци, тоа ќе може да го прави преку веб-апликација достапна на линковите:

www.stat.gov.mk
https://popis2021.stat.gov.mk
https://census.stat.gov.mk

Сподели!
- Advertisement -