Сообраќајните незгоди со катастрофални последици како овие што можете да ги видите од видеото подолу можат да се избегнат со малку поголема внимателност на возачите и секако, со помош на технологијата која ни е на дофат на рака.
Оваа бразлетна е одличен пример за како технологијата може да ни го спаси животот нам, но и на тие околу нас. Steer е вистински чувар на вашиот живот кога сте во автомобил и возите. Овој гаџет со помош на податоци за вашиот срцев ритам и благодарение на проводливоста на кожата ја следи состојбата на вашата будност.
Кога ќе детектира дека почнувате да заспивате, ве буди за да не предизвикате сообраќајна незгода. Се прашувате како ве буди? Така што ви испраќа електрошокови. Бразлетната е особено битна бидејќи 25% од сите сообраќајни незгоди се предизвикани од поспани возачи.