Штедењето на оригинален софтвер може да ви отвори дупка во буџетот!

- Advertisement -

Да речеме,  сакате да ги објавите видеата од одмор и да им ги покажете на пријателите. Наместо да платите за програма за едитирање видеа, ќе напишете во пребарувачот „симни Adobe Premiere бесплатно“ или нешто слично. Еден од првите линкови кои ќе ви се отворат водат до навидум безбедна страница со солиден дизајн, коментари од други корисници, па дури и опција за оставање ваше искуство со програмата.

На прв поглед сѐ ви изгледа во ред. Софтверот ќе се симне, ќе го инсталирате инсталира и ќе се отвори без проблем, но потоа ви бара клуч или код за регистрација. Можеби ќе помислите дека немате среќа, но потоа ќе забележите дека компјутерот почнува да работи побавно од вообичаено. На игрите кои сте ги отворале без проблем, сега им треба неколку минути за да се отворат или воопшто не се отвораат. Другото изненадување ќе следи следниот месец – сметката за струја е многу повисока од вообичаено.

- Advertisement -

Што се случува, ќе се запрашате?

Бесплатен софтвер и паразитски „рудари“

- Advertisement -

Веќе предупредувавме за опасностите од симнувањето „бесплатни“ верзии на програми за кои, вообичаено,  треба да се плати.  Заштедате е само привидна, со потенцијално страшни последици. Последните неколку години има се поголем број успешни обиди за заработка на сметка на корисниците на „бесплатни“ програми преку ставање „рудари“ во програмите . На пример, една од пиратските верзии на видео едитор инсталира посебна верзија на „рударот“ NiceHash конфигурирана директно да става пари во криптопаричниците на пиратите.

И не само вие, многу наивните штедачи  им прават пари на сајбер криминалците без да знаат. За да не ви биде очигледно дека се инсталирал „рудар“ натрапниците го кријат. Прозорецот за програмата не се прикажува меѓу активните апликации. Единствениот видлив доказ е малата икона на дното на екранот, веднаш до тие за контрола на звукот и часовникот.

- Advertisement -

Игрите и другите поинтензивни програми почнуваат да ви се отвораат бавно затоа што „рударот“ ги користи сите ресурси на компјутерот, вклучувајќи ја графичката картичка, за да „рудари“ криптовалути. А корисниците,  како и вие, кои не сакате да плаќате за програмите, ќе плаќате висока сметка за струја, затоа што „рударењето“ е процес кој троши многу енергија, па затоа компјутерот троши повеќе струја од вообичаено.

Сепак, луѓето кои не сакаат да плаќаат за премиум производи не се единствените кои се во опасност од ваквите „рудари“. Дури и оригиналниот софтвер може да содржи несакани „додатоци“. Затоа, таквите апликации треба да ги симнувате само од официјалните страници на девелоперите. Неодамна експерти на Kaspersky открија повеќе страници кои дистрибуираат бесплатни и пиратски апликации заедно со „рудари“. Меѓу нив се OpenOffice, TeamSpeak, Adobe Premiere Pro, ABBYY Fine Reader, CorelDraw, Microsoft Outlook, Microsoft PowerPoint, Microsoft Office Picture Manager и XPadder.

Како да се заштитите?

За да не ги делите ресурските на компјутерот со сајбер криминалците, следете ги овие едноставни правила:

-Симнувајте програми, вклучувајќи и такви кои имаат само бесплатна верзија, од страници на официјалните девелопери или официјални продавници за апликации.

-Инсталирајте добро решение за безбедност – на пример, Kaspersky Internet Security. Искусете ја бесплатната пробна 30 дневна верзија од  овластениот застапник за Македонија, Кабтел, на следниот линк http://kabtel.mk/mk/kaspersky_products.php#kis .

Овозможете детекција на ризичен софтвер во вашето безбедносно решение

Програмите за „рударење“ се легални за луѓето кои сакаат да ги инсталираат на својот компјутер за да „рударат“ криптовалути. Затоа антивирусните програми не ги блокираат секогаш „рударите“, особено ако не можат  точно да проценат дали програмата е инсталирана намерно од корисникот или ја инсталирал сајбер криминалец. Безбедносните решенија ги идентификуваат таквите програми како ризичен софтвер или не како вирус, односно легитимен софтвер кој може да го експлоатираат криминалци.

Сподели!
- Advertisement -