Билетите за патување до Марс со бродот на Илон Маск ќе чинат половина милион долари

- Advertisement -

Вселенските бродови на SpaceX кои ќе патуваат до Марс нема да пренесуваат само богати патници до и од Црвената планета, соколку се оди според планот на Илон Маск. Цената за еден билет со меѓупланетарното возило на SpaceX, Starship, ќе биде доволно ниска цена за да може да си ги дозволат многу поединци од индустријализираниот свет, истакна милијардерот Мак.

„Ќе зависи од бројот на патници, но верувам дека патувањето до Марс и назад во иднина ќе чини половина милион долари, а малку подоцна можеби и помалку од 100.000 долари. Тоа ќе биде доволно ниска цена за повеќето луѓе во светот од напредните економии да го продадат својот дома на Земјата и да се преселат на Марс” напиша Маск  на Twitter

- Advertisement -

Вселенскиот брод Starship, кој собира 100 патници, ќе биде лансиран во орбитата на Земјата со помош на огромна акета наречена Super Heavy, а потоа самостојно ќе патува до Марс или до која било друга планета. Super Heavy, пак, ќе се врати на Земјата и повторно ќе се користи за полетување.

SpaceX планира првите мисии на Марс со Starship и Heavy да отпатуваат во средината на 2020-тите години, додека прототипот на Starship многу наскоро ќе полета на кратки летови до работ на земјината атмосфера.

Сподели!
- Advertisement -