Швајцарската фармацевтска компанија Рош ја купува Spark Therapeutics со договор вреден 4,8 милијарди долари со цел да ја добие лидерската позиција во новите области на генетска терапија, пренесе Блумберг.
Во исто време, француската биотехнолошка компанија Ипсен ја објави својата одлука да ја превземе Clementia Pharmaceuticals за 1,3 милијарди долари што укажува на сериозно зголемен интерес на фармацевтските компании да г шират бизнисот во областа на ретки болести.
Стекнување на Spark, креаторот на техниката за лекување на ретината на очите Luxturna, е од суштинско значење за Roche, бидејќи на тој начин компанијата си пробива пат во областа на новите технологии. Сега таа ќе може да користи генетска терапија за лекување на болеста хемофилија. Голем број на конкуренти, како што се „Biomarin Pharma“, „Uniqure NV“ и „Sangamo“, веќе се обидуваат да развијат генска терапија за хемофилија.
“Договорот е пробив за Roche, бидејќи нејзината технологија дава пристап до единствената платформа на пазарот со докажано искуство во областа на генската терапија”, забележува во коментар аналитичарот на Vontobel Research Стефан Шнајдер.
Roche ќе плати 114.50 долари по акција за Spark и предложената сума е за 19% повисока од вредноста на акцијата на Spark кои се тргува за малку над 90 долари во изминатата година.