DT и Huawei ја реализираа првата 5G конекција во Европа

- Advertisement -

Мрежата на Deutsche Telekom во Германија е подготвена за 5G. На комерцијалната мрежа на DT во центарот на Берлин оживеа 5G конекција со брзина од 2 гигабита во секунда и задоцнување од само 3 милисекунди. За мрежата се искористи опрема на со 3GPP спецификации за 5G New Radio (NR). Ова е првата ваква конекција за комерцијални сајтови во Европа и обележува еден битен момент во напредокот на глобалнито развој на 5G.

„5G new radio ќе биде од суштинско значење за исполнување на потребите и барањата на нашите корисници кои постојано се зголемуваат со се поголемиот број мрежни конекции. Нашето достигнување е доказ дека можеме да ги оствариме нашите планови да понудиме супериорно, ново искуство за корисниците“ вели Калудија Немат, член на Одборот за технологија и иновации на Deutsche Telekom.

- Advertisement -

„Како долготрајни партнери, групацијата Deutsche Telekom и Huawei ги здружија силите за тестирање на опремата за 5G NR базирана на последните стандарди 3GPP R15. Ова достигнување ги покажува капацитетите на опремата за 5G NR да ги исполни барањата на операторите за отворање нови бизнис можности за крајните корисници. Ние во Huawei сме убедени дека партнерството со Deutsche Telekom целосно ќе го подготви комерцијалното лансирање на 5G NR услуги во Европа до 2020 година благодарение на напорите за стандардизација на 3GPP“ вели Хуимин Жу, потпретседател на 5G Huawei.

Реализацијата на конекцијата во реални услови во централен Берлин со опрема и софтвер на Huawei се базира на предстандардот 5G кој е во согласност со глобалниот 3GPP стандард за таканаречен Non-Standalone New Radio. Со Non-Standalone 5G NR за засилен мобилен широкопојасен интернет конекцијата се воспоставува во LTE додека 5G NR носачи го зголемуваат протокот на информации и го намалуваат доцнењето. Оттука, 5G new radio во основата ќе го има 4G LTE за покривање поголема површина. Спецификациите за системот ќе бидат готови до декември годинава како дел од 3GPP Release 15.

- Advertisement -

5G New Radio има карактеристики кои ја прават идеална за 5G примена со поголема мобилна поддршка, поголема покриеност, мултигигабитна брзина и доцнење од милисекунди. Со реализацијата на првата 5G конекција во Европа, Deutsche Telekom го направи првиот чекор до лансирање целосна 5G мрежа. Кога ќе се дефинира стандардот, ќе се тестира во 2018 година за да се подготви теренот за поширока примена на комерцијални сајтови и понуда за уреди за масовниот пазар кога ќе станат достапни.

Оваа соработка на DT и Huawei е дел од партнерството на Deutsche Telekom, 5G:haus innovation, за напредок на развојот на 5G и глобален успех на стандардот. И двете компании се радуваат на претставувањето на ова достигнување и на инвоативните примени во текот на 5G Experience Day во Берлин на 12 октомври годинава.

- Advertisement -

Доколку сакате во живо да ги видите производите и услугите на Deutsche Telekom, посетете го нивниот штанд на саемот IFA во Берлин до 6 септември. Целосната презентација на Deutsche Telekom на саемот е карбонски неутрална. Емисијата на јаглерод диоксид за време на саемот се надоместува со проекти за намалување на карбонскиот отпачеток во општеството до други земји во светот.

Сподели!
- Advertisement -