Најголемиот авион во светот полета по прв пат. Масивниот авион, дело на компанијата Stratolaunch, има распон на крилата поголем од едно фудбалско игралиште и е дизајниран да лансира ракети од воздух.
Авионот се вика Roc и успешно го изврши својот прв тест-лет од Mojave Air and Space Port во пустината Мохаве, Калифорнија, на 13 април.
Од Stratolaunch изјавија дека Roc останал во воздух дури 2,5 часа, достигнал максимална висина од околу 5,2 км максимална брзина од над 300 км/ч.
Roc ќе може да се користи како далеку пофлексибилна алтернатива за традиционалните приземјени системи за лансирање ракети.
World’s largest airplane flies for the first time
The first test flight of the world’s biggest plane.More info: http://bit.ly/2VUsmgJ
Posted by Startup Selfie on Понеделник, 15 април 2019