Платете шише „кока-кола“ со дијалекти

- Advertisement -

Луѓето кои живеат во една земја и го зборуваат истиот јазик не ги говорат сите зборови исто. Локалните дијалекти од една страна на земјата звучат поинаку споредени со други региони. Шведска е позната по своите дијалекти, па тамошниот огранок на Coca-Cola одлучи да навлезе во дијалектите со креирање автомат за продажба на сокови каде што можете да си го платите сокот со зборување специфичен дијалект.

Кога корисникот ќе се приближи до автоматот Dialekt-o-maten, треба да го притисне дијалектот кој сака да проба да го говори и да реплицира дадена фраза. Во зависност од тоа дали успешно ќе ја изговори или не, ќе добијат шише сок. Софтверот за препознавање на дијалектите во машината Dialekt-o-maten го проверува гласот, темпото и тонот на корисникот.

- Advertisement -

Coca-Cola го постави Dialekt-o-maten во Стуреплан, централен дистрикт во Стокхолм.

(PSFK)

Сподели!
- Advertisement -