Samsung ќе произведува телефони со камери од 64 мегапискели

- Advertisement -

Samsung најави производство на нов сензор за камери за мобилни уреди со доста поголема резолуција од оние кои моментално се достапни на пазарот. Најавениот ISOCELL Bright GW1 ќе биде сензор од 64 мегапиксели, кој користи исти пиксели од 0,8 μm како и сегашната 48-мегапикселна компонента. Во суштина, ова ќе биде поголем сензор кој ќе може да сними повеќе светла во целина.

Bright GW1 ќе прави 16-мегапискелни фотографии со спојување на четири пиксели во еден, како што постојните сензори од 48 мегапиксели прават 12-мегапикселни фотографии. Новиот сензор на Samsung, исто така, ќе може да дешифрира филтер бои за 64-мегапикселни снимки со полна резолуција при добро осветлување.

- Advertisement -

Јужно корејскиот технолошки гигант најави и ажурирање на своите сензори од 48 мегапиксели. Samsung очекува дека неговиот сензор од 64 мегапиксели масовно ќе почне да се произведува во вотрата половина од годинава, така што не би било изненадување ако го видиме на водечките мобилни уреди претставени на крајот на 2019 година.

Сподели!
- Advertisement -