Овој џиновски куп ѓубре во Индија наскоро ќе стане повисок од џамијата Таџ Махал. Планината од ѓубре нарече Газипур зафаќа површина од 40 фудбалски игралишта и секоја година расте по 10 метри.
Депонијата била целосно полна уште во 2002 година, но бидејќи постојано пристигнувале камиони со ѓубре и купот растел се повеќе.
Минатата година се случи катастрофа. После обилни дождови во 2018 година се срушија делови од планината ѓубре и убија двајца луѓе. Освен тоа, често се појавуваат и пожари предизвикани од метанот кој го испушта отпадот и се загадува околниот воздух и водата.
Страшното е тоа што оваа депонија е дом на многу животни како крави, кучиња, стаорци. Индија има големи проблеми со загадениот воздух и со големите количини отпад. Во Индија се наоѓаат седум од десетте најзагадени градови во светот.
На глобално ниво, 90% од луѓето постојано дишат загаден воздух. Секоја година од загадениот воздух животот го губат 8 милиони луѓе.
This Indian rubbish dump will soon be higher than the Taj Mahal
65 metres high and rising 10 metres every year.🔎 Learn more about global waste: https://wef.ch/31qnIdP
Posted by World Economic Forum on Четврток, 13 јуни 2019