Две земји во Европа користат 100% енергија од ветар

- Advertisement -

Минатата година беше рекордна година во поглед на инсталациите за енергија од ветар. Во светот беа инсталирани 116 гигавати нов капацитет за емергија од ветар, покажува Глобалниот извештај за ветрот (Global Wind Report) на трговско-индустриската асоцијација Global Wind Energy Council (GWEC). Тоа е зголемување од 50% во споредба со 2022 година.

Кина е лидер во поглед на инсталацијата на копнени и поморски турбини на ветар, а после неа следуваат САД, Бразил и Германија. Благодарение на силниот раст во Холандија, Европа исто така забележа рекордна година со 3,8 гигавати нов копнен капацитет за енергија од ветар.

- Advertisement -

Во извештајот се наведува дека додека енергијата од ветрот е најконцентрирана во неколку големи земји, други региони и навии сепак забележале рекорден раст. Африка и Средниот Исток иснталирале речиси 1 гигават нов капацитет за енергија од ветар во 2023 година, што е речиси трипати повеќе во споредба со 2022 година.

Авторите на извештајот велат дека светот се движи во вистински правец во борбата со климатските промени и предупредуваат дека годишниот раст мора да биде најмалку 320 гигавати до 2030 година за да се исполнат целите од договорот COP28 за триплирање на обновливата енергија до крајот на оваа деценија.

- Advertisement -

Седум земји во светот сега генерираат 100% од струјата која ја трошат од обновливи извори, од кои две се во Европа. Повеќе од 99,7% од енергијата во Албанија, Бутан, Етипоија, Исланд, Непал, Парагвај и Конго сега доаѓа од геотермална, хидро, соларна или енергија од ветрот. Норвешка е блиску до нив со 98,38% од струјата од ветар, вода или соларна енергија, покажуваат податоците на Универзитетот Стенфорд.

Други 40 земји добивале барем 50% од струјата од обновливи извори од 2021 до 2022 година, од кои 11 се во Европа. Други земји, како Германија или Португалија, може да функционираат на 100% енергија од ветар, вода или соларна енергија.

- Advertisement -

Една студија на универзитетите Егзетер и Колеџот Лондон предвидува дека соларната енергија ќе стане главен извор на електрична енергија до 2050 година.

(Euro News)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -