Министерството за земјоделство потпиша меморандум за соработка со UN Women

- Advertisement -

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потпиша Меморандум на соработка со телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women. Меморандумот има за цел да ја унапреди родовата еднаквост во земјата преку институционализација на родово одговорно буџетирање во стратешкото планирање во областа на земјоделството и руралниот развој и креирањето на политиките и буџетските процеси, во согласност со меѓународните и националните обврски.

Преку овој Меморандум, МЗШВ планира да воведе родова перспектива во Националната стратегија за земјоделство и рурален развој (2014-2020) и Програмата за рурален развој со користењето на родовото одговорно буџетирање како алатка.

- Advertisement -

Во рамките на соработката се планираат активности за унапредување на капацитетите на јавната администрација за воведување на родовата преспектива во политиките и буџетите за рурален развој.

Проектот на UN Women „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“ е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.

Сподели!
- Advertisement -