Нови водоотпорни соларни ќелии генерираат струја и кога врне

- Advertisement -

Нови соларни ќелии би можеле да се исперат и се уште да работат. Фотоволтаични ќелии развиени од јапонскиот истражувачки институт RIKEN и Универзитетот на Токио се ултратенки и од двете страни обложени со водоотпорен слој. Соларните ќелии можат да се истегнат или да се компресираат и да се измијат пред да функционираат.

Истражувачите од Јапонија ги креираа ќелиите кои се флексибилни, органски и се базираат на PNTz4T. И двете страни се обложени со акриличен еластомер кој овозможува светлината да допре до ќелиите, но спречуваат воздух и вода да допрат до нив.

- Advertisement -

Истражувачите ги тестираа соларните ќелии за ефикасност. Првиот уред имал ефикасност од 7,9% по квадратен сантиметар и генерирал 7,86 миливати. Ќелиите натопени во вода  два часа имале ефикасност помала за 5,4%. Истражувачите и ги компресирале ќелиите додека биле потопени во вода и сепак имале 80% од иницијалната ефикаснсот.

Фотоволтациите интегрирани во текстил во минатото имаа намалена енергетска ефикасност и не реагираа добро при деформации или при долготрајна изложеност на вода или воздух. Овие нови ќелии отвораат многу нови можности. Ќе може да се користат во сензори за мерење на температурата на телото и срцебиењето или да предупредуваат на здравствени проблеми.

- Advertisement -

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -