Бил Гејтс повеќе не е вториот најбогат човек во светот

- Advertisement -

Бил Гејтс досега никогаш не бил подолу од второтo место во седумгодипното постоење на Индексот на милијардери на Bloomberg. Но, и на тоа му дојде крајот кога основачот на Microsoft  беше истуркан на третата позиција на листата од страна на францускиот милијардер Бернар Арно.

Компанијата за производство на луксузни производи LVMH, на чие чело стои Арно, имаше рекордени резултати и ја зголеми својата нето-вредност на 107,6 милијарди долари. Така, сега Арно е за 200 милиони долари побогат од Бил Гејтс. Арно годинава на својата сметка додаде 39 милијарди долари богатство, што е најглемата поединечна добивка меѓу првите 500 луѓе на листата на Bloomberg.

- Advertisement -

Арно им се приклучи на двајцата најбогати луѓе во светот, Џеф Безос и Бил Гејтс, мизминатиот месец, која неговото богатство достигна 1004 милијарди долари. Бернан поседува околу половина од францускиот моден синџир LVMH, во чија групација освен Luis Vuitton се наоѓаат уште 70 светски познати брендови. Сопственик е и на францускиот весник Le Parisien, како и на веснико L’Echo.

Сподели!
- Advertisement -