Светот конечно ја дочека презентацијата на првите импланти за мозок со машинско учење на компанијата Neuralink на иноваторот Илон Маск. Од Neuralink велат дека имплантите во човечкиот мозок ќе ги вградува робот сличен на машина за шиење, а сензорите се базираат на истражувања направени врз лабораториски глувци.
Крајната цел на технологијата на Neuralink е да им помага на пациенти со ампутирани експтремитети, да им го враќа видот на слепите луѓе и слухот на глувите луѓе, додека Маск во неа гледа и можност за директно поврзување на на луѓето со машини и компјутери, што значително ќе ја унапреди човечката раса и ќа ја намали потребата за вештачка интелигенција, која во иднина би можела и да ја преземе контролата врз светот од луѓето.
Најинтересната информација од Neuralink е дека тестирањето на технологијата ќе почне идната година. По вградувањето на чип во кој се наоѓаат еластички електроди со дебелина еднаква на четвртина од човечкото влакно, информациите од сензорите ќе се разменуваат преку bluetooth преку надворешна единица поставена зад увото, во која ќе има батерии и потребниот хардвер.
Маск изјави дека по имплантацијата на чип кај мајмун, мајмунот управувал со компјутер со својот мозок, алуѓето со таквите импланти би можеле да остварат и еден вид телепатска комуникација.