Двесте астронаути еден месец живеат „марсовски живот“ во пустината Дофар во Оман

- Advertisement -

Поголема група астронаути поминуваат еден месец во изолација на симулирана Црвена планета во пустината Дофар во Оман за да го подготват човештвото за идните мисии на Марс. Со помош на дрон, роботски ровери и стакленици на надувување астронаутите спроведуваат 19 експерименти во оваа област, која е избрана поради сличноста со површината на Марс.

Видена од вселената пустината Дофар е рамно кафеаво пространство со многу малку животински и растителни видови кои можат да опстанат на температури повисоки од 51 степен Целзиусов. На источната страна на една навидум бесконечна дина во Марсовската база во Оман има населба опкружена со контејнери кои се претворени во лаборатории и бази.

- Advertisement -

 

Повеќе од 200 научници од 25 нации од целиот свет се избрани да ја тестираат технологијата за една човечка мисија на Црвената планета, која од НАСА се надеваат дека ќе ја реализираат до 2030 година, пишува Daily Mail.

- Advertisement -

„Пустината Дофар е најголемата област во Оман, која има огромна сличност со површината на Марс како, на пример, седиментарните структури од палеоценот и еоценот, солените сферични дупки во солениот басен во јужниот дел на земјата и античките речни текови“ велат од мисијата.

Експериментите ќе траат до 28 февруари.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -