Почна да се продава првата комбуха во лименка во Европа

- Advertisement -

Белгиската компанија „Јухен“на европскиот пазар ја лансира првата комбуха во посебно дизајнирана лименка.

„Јухен Комбуха“ е наменета за потрошувачите кои водат сметка за своето здравје и сакаат високо квалитетен органски производ во практична амбалажа, соопштија од компанијата.

- Advertisement -

„Јухен Комбуха“ е достапен со три вкусови, а за секој од нив има посебен изглед на лименката. Називот доаѓа од стариот јапонски збор „јухен“, со кој се опишува восхит кон убавините на природата. Лименките се еколошки и можат да се рециклираат.

Сега се продаваат во Белгија, но амбициозниот бренд се шири и во други делови на Европа, како што се Германија, Холандија, Франција и Скандинавија.

- Advertisement -

Ферментираниот пијалок од комбуха е богат со пробиотици, здрави киселини и антиоксиданси. Тој е веќе популарен во САД. Наглиот раст на оваа категорија го потврдува и бројот на нови комбуха комбинации во Европа, кој во првата половина од годинава веќе ја надмина целата претходна година.

Од секоја продадена лименка компанијата ќе издвојува по два центи за „Јухен фондацијата“ која поддржува социјални и одржливи проекти.

- Advertisement -

Комбухата е габа од јапонско потекло, доста позната во светот.

(www.instore.mk)

Сподели!
- Advertisement -