Србија лидер во Европа по бројот на вакцинирани со по две дози

- Advertisement -

Во Србија против коронавирус досега се вакцинирани 1.230.836 лица, а 428.202 лица примиле по две дози од вакцината, според податоците на српската Влада, пренесува „Танјуг“.

Според бројот на вакцинации на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија, а според бројот на ревакцинации на милион жители, е прва во Европа. После Србија се Малта и Данска.

- Advertisement -

Во светот, Србија е на 6. место според бројот на вакцинации на милион жители, по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.

Кога станува збор за бројот на ревакцинации на милион жители, Србија е прва во Европа, по што следат Малта, Данска и Исланд. Според бројот на ревакцинации на милион жители во светот, Србија е трета, по Израел и Сејшелите, а по Србија се САД и Малта.

- Advertisement -

Србија е прва во регионот според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Албанија. Србија е на прво место во регионот според бројот на ревакцинации на милион жители, по што следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Албанија.

(Denar.mk)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -