Дали преполните депонии може да станат рудници на скапоцени материјали? Изгледа да. Дизајнерот Ингл Слуиџс пронајде начин отпадот од депониите да го претвори во иновативен материјал кој може да се користи за изработка на еколошки производи – Plasma Rock. Издржливиот материјал е резултат на гасификација на плазма, процес во кој се загреваат материјалите на депониите на премногу виски температури. Иако технологијата за гасификација на плазма не е нова, процесот на Слуиџс за употреба на Plasma Rock за изработка на производи е уникатен. Материјалот е целосно нетоксичен, а Слуиџс верува дека депониите од целиот свет може да се претворат во ваков издржлив и еколошки материјал. Според дизајнерот, 20 килограми Plasma Rock може да се добијат од 100 килограми отпад. Слуиџс се фокусира на крајбрежните депонии и почнува од депонијата Ист Тилбури во Есекс, Англија. Научниците сметааѕ дека крајбрежните депонии се временски бомби бидејќи земјиштето забрзано се еродида поради покачувањето на нивото на морињата. Plasma Rock најпрвин е прав, кој потоа може да се обликува со која било форма. Слуиџс неодамна го употреби материјалот за Tilbury Tiles, кои се декорираат и се продаваат како сувенири од Ист Тилбури.
(Inhabitat)