Венецуела бара доброволци за тестирање на руската вакцина против корона вирусот

- Advertisement -

Русија беше првата земја во светот која официјално регистрираше вакцина против корона вирусот на 11 август. Меѓутоа, експертите сметаат дека вакцината ги нема поминато сите потребни тестирања. Владата на Венецуела, која доби милијарди долари заеми од Русија, вели дека сака да учествува во клиничките испитувања на вакцината.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека во текот на наредните неколку дена ќе бараат доброволци кои ќе се вакцинираат. Руските научници, пак, изјавија дека раните фази од испитувањата на нивната вакцина биле успешни, иако регулаторите дале одобрување на вакцината пред да заврши студијата во која се вклучени илјадници луѓе.

- Advertisement -

Владата на Венецуела исто така изјави и дека е подготвена да учествува во тестирањето на кинеските и кубанските вакцини против КОВИД-19. Кина и Куба, заедно со Русија се силни сојузници на Николас Мадуро, чија влада е се поизолирана откако повеќе од 50 земји, меѓу кои и САД и Велика Британија, го признаа неговиот ривал Хуан Гуаидо како привремен претседател.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -