Топ 20 најмалку здрави нации во светот!

- Advertisement -

Clinic Compare, британски сајт за правење споредби, состави ранг листа со најмалку здравите нации во светот. Со помош на податоци од Светската здравствена организација, World Factbook на ЦИА и Светската засоцијација за бели дробови компанијата анализираше 179 земји според консумацијата на алкохол и циграи по лице годишно, како и според дебелината на населението.

Рангирањето според секој фактор потоа се комбинира за да се добие една општа оценка и да се утврди која нација има најмалку здрав начин на живот. Земјите од Источна Европа диминираат меѓу топ 10 најмалку здрави наци во светот, додека Океанија е регион со најмногу гојазни луѓе. Еве кои се топ 20 најмалку здрви нации во светот.

- Advertisement -

20. Украина – земјата се наоѓа на 8 место според консумацијата на алкохол: секој жител пие просечно 12,8 литри алкохол годишно.

19. Обединето Кралство – Обединетото Кралство е на 19-то место според здравјето на луѓето, а жителите се на 9-то место според количината алкохол која ја пијат годишно.

- Advertisement -

18. Романија – во просек секој жител на Романија пуши по 1.619 цигари годишно.

17. Грција – повеќе од 25% од Грците се прекумерно дебели.

- Advertisement -

16. Австралија во просек, секој жител на Австралија консумира по 11,2 литри алкохол годишно.

15. Либан – Либан е на трето место во светт по пушењето цигари: секој жител пуши по просечно 3.023 цигари годишно.

14. Канада – 30,1% од жителите на Канада се прекумерно дебели.

13. Белгијаземјата се наоѓа на 7-мо место според консумацијата на алкохол и цигари.

12. Естонија – 24,5% од популацијата на Естонија се прекумерно дебели, а просечната консумација на алкохол по жител годишно е 12,8 литри.

11. Бугарија – земјата е на 6-то место според консумацијата на алкохол, а 25,6% од населението се прекумерно дебели.

10. Литванија –  Литванците пијат многу повеќе отколку сите други на листата: 18,2 литри годишно по лице.

10. САД – Америка е единствената неевропска земја во првите 10 на листата и го има највисокиот процент на прекумерно дебели луѓе во светот: 35% од возрасното население е гојазно.

9. Луксембург – речиси 25% од популацијата се гојазни.

8. Полска – просечно 1.369 цигари годишно пуши секој жител, а пие 12,3 литри алкохол.

7. Хрватска – земјата е на 6-то место според консумацијата на алкохол со 13,6 литри по човек годишно.

6. Унгарија – просечно секој жител на Унгарија пуши по 1.774 цигари годишно.

5. Словачка – 27,4% од жителите на Словачка се гојазни и се на 9-то место според консумацијата на алкохол.

4. Белорусија – земјата е на второ место според консумацијата на алкохол и цигари.

3. Словенија – жителите на Словенија се на 6-то место според консумацијата на цигари и пушат неверојатни 2.637 цигари годишно.

2. Русија – во просек секој жител на Русија пие по 13,7 литри алкохол и пуши 2.690 цигари годишно.

1. Чешка Република –  Чешката Република е најмалку здрава нација во светот:  на 5-то место е според консумацијата на алкохол, на 11-то според пушењето цигари, а 29,1% од жителите се гојазни.

(Business Insider)

Сподели!
- Advertisement -