Откриена планета која може да има совршени услови за живот

- Advertisement -

Научниците од целиот свет со одушевување ги следат податоците и фотографиите кои ги испраќа вселенскиот телескоп James Webb, а посебно се возбудени поради податоците од непознатата егзопланета K2-18b. Оваа егзопланета е 8,6 пати поголема од Земјата, а сокрива молекули кои содржат јаглерод, метан и јаглерод диоксид. Тоа значи дека K2-18b може да виде егзопланета со атмосфера богата со водород и површина прекриена со водени океани. Иако научниците се многу внимателни со какви било изјави, се почесто може да се слушнат како оваа егзопланета може да биде погодна за живот каков што го познаваме на Земјата.

Како што соопштија од НАСА, K2-18b кружи околу ладната џиновска ѕвезда K2-18 и се наоѓа на 120 светлосни години од Земјата. Оваа егозпланета има големина нешто помеѓу Земјата и Нептун и не изгледа како ниедна друга планета во Сончевиот систем.

- Advertisement -

Научниците велат дека тоа само покажува колку малку знаеме за вселената и дека треба дополнително да ја истражиме. Хицеанските планети односно Хицеанските светови, хипотетички, се планети ошишани како врели, со вода покриени планети со амтосфера богата со водород. Генерално, се смета дека таквите планети може да бидат потенцијални кандидати за живот и поддршка за човечки колонии.

Во случајот со K2-18b, изобилството на метан и јаглерод диоксид и недостигот на амонијал ја поддржуваат хипотезата дека под атмосферата богата со водород има воден океан. Овие почетни забележки на сателитот Webb исто така овозможуваат детекција на молекули нарелени диметил сулфид, кои на Земјата може да ги прозиведат само живи организми.

- Advertisement -

Следуваат дополнителни истражувања со телескопски MIRI (Mid-Infrared Instrument) спектрограф, за кој се надеваат дека ќе ги потврди нивните откритија и ќе даде нови увиди во условите и околината на K2-18b.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -