Суд во Италија го казни архитектот Сантијаго Калатруво со 78.000 евра затоа што неговиот дизајн на мост во Венеција не е прилагоден на бројот на туристи кои доаѓаат таму. Овој италијански град е познат по каналите и со години бара решение за големиот број туристи кои го посетуваат.
Сега градот презеде мерки против дизајнот на мост на Големиот канал затоа што не е прилагоден на големиот број туристи. Одлуката беше донесена на 9 август, а во пресудата се наведува дека шпанскиот архитект бил невнимателен во текот на процесот на изградба.
Мостот Ponte dela Kostituzione или т.н. Уставен мост е направен во 2008 година, а името го добил по Уставот на Италија, кој тогаш обележувал 60-годишнина. Околу мостот имало разни полемики откако е изграден како за конструкцијата, така и за цената на мостот, кој чинел импресивни 11,6 милиони евра.
Во тужбата се наведува дека металната контрукција и стаклото не можеле да го поднесат гокемиот број посетители во Венеција и нивниот багаж. Судот пресудил и дека инженерот Салваторе Венто, кој бил одговорен за изведувањето на изградбата, треба да плати казна од околу 11.000 евра.
Венеција казни архитект со 78.000 евра затоа што изградил небезбеден мост
- Advertisement -
- Advertisement -