ВИДЕО: Се отвори импресивната арена The Sphere во Лас Вегас

- Advertisement -

На 29 септември, со спектакуларен концерт на групата U2се отвори импресивната нова арена во Лас Вегас, Тhe Sphere. Ова е најскапиот објект за забавни настани во градот и чини неверојатни 1,9 милијарди долари.

Она што е посебно кај оваа арена е тоа што во внатрешноста се крие ЛЕД екран со висока резолуција и покрива речиси половина од вкупно 17.500 седишта. Арената е опремена со илјадници звучници, кои даваат кристално јасен звук и има посебен аудио-систем за секое седиште внатре.

- Advertisement -

Освен тоа, има и низа други технолошки атракции кои не може да се најдат на друго место во светот. Меѓу другото, тука се петте интерактивни хуманоидни роботи Aura.

Од надворешната страна Sphere го привлекува вниманието на сите со уникатните написи. Освен концертот на U2, оваа арена од идната недела ќе има и многу други настани.

- Advertisement -

(EuroNews)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -