Ќе престане ли Facebook да биде бесплатна социјална мрежа?

- Advertisement -

Со години наназад шефот на Facebook, Марк Цукерберг, повторуваше дека користењето на неговата социјална мрежа секогаш ќе бид бесплатно за нејзините корисници. Но, изгледа дека тоа нема да биде така.
Facebook без воопшто врева го промени слоганот кој го користеше од своето основање. Така, на почетната страница сега повеќе не стои “It’s free and will always be” ( Бесплатно е и секогаш ќе биде”), туку “It’s quick and easy” (“Брзо е и лесно”).
Промената се случи на почетокот на август, а од Facebook уште се немаат огласено со официјално соопштение.
Сепак, промената на слоганот веројатно има врска со начинот на кој Facebook работи и со правилата во Европската унија. Имено, знаеме дека основата на бизнисот на Facebook се корисницчките податоци, кои се и највредниот дел од Facebook. Иако Цукерберг во неколку наврати повторува дека корисниците се сопстевници на сите објавени податоци, исто така потврдија дека ги искористуваат тие податоци за да продадат огласувалки простор.
Како што велат од компанијата, со промена на слоганот дошло токму поради тие податоци. Односно, во мај годинава Европскиот парламент прифати директива која по прв пат ја признава размената на податоци како начин на плаќање, па затоа социјалната мрежа не може да се рекламира како бесплатна. Тоа не значи дека во иднина не би можело да дојде и до плаќање на услугите на Facebook со вистински пари.

Сподели!
- Advertisement -