Xiaomi ги поместува границите со својот смартфон Mi Mix Alpha

- Advertisement -

Најголем дел од производителите на смартфони денес водат битка околу тој кој ќе има поголем екран размера на истиот во однос на куќиштето. Додека повеќето се ближат до границата од 100%, Xiaomi ја надмина таа граница и конкуренцијата ја остави далеку зад себе. Дали овој нивни потег ќе почне нов тренд или ќе заврши како луда идеја нема да чекаме долго за да видиме, но ако се суди по револуцијата која ја направија кога на пазарот го пуштија својот прв Mi Mix модел во 2016 година, имаат големи шанси.
Xiaomi сега има нов Mi Mix модел – Mi Mix Alpha. Ако по нешто биде запаметен Alpha тоа ќе биде големината на екранот и неговиот размер во однос на остатокот од куќиштето. Имено, Xiaomi речиси успеал да го стави целото куќиѓте под екранот затоа што екранот на Alphа од предната страна покрива 100%, а на задната страна уште 80%.
Всушност, единственото нешто што сега се истакнвуа на телефонот е тенката лента на која се наоѓаат камерите и блицот. Исто така, постојат рабови на врвот и на дното од телефонот, но тие се речиси занемарливи. Екранот на рабовите служи и како статусна лента која инаку ја гледаме при врвот на класичните смартфони и која содржи податоци за батеријата, мобилниот сигнал и слично. Исто така, страничните делови на Alphа се осетливи на допир и на тој начин се зголемува или се намалува јачината на звукот.
Од останатите спефицикации, треба да ја издвоиме задната камера од дури 108 мегапиксели со голем сензор 1/1.33 инчи, кој комбинира пикесли и 2×2 квадратчиња и прави фотографии со резулуција од 27 мегапискели, но и ги подобрува перформансите на камерите при слабо осветлување.
Со вака дизајниран телефон не ви треба селфи камера затоа што екранот се наоѓа и на задната страна, па се можете да направите со задната камера. Голема маана на телефонот е што за него нема да има заштитни маски, а технологијата на екранот е таква што уредот ќе биде поосетлив од класичните мобилни телефони. Сепак, од Xiaomi не го сметаат Alphа за некој уред кој ќе биде комерцијално достапен туку како концептуален уред кој ќе биде произведен во лимитирана серија и со висока цена од 2.800 долари.

Сподели!
- Advertisement -