Најголемиот даночен рај во светот ќе ги објави податоците за сите сопственици на фирми

- Advertisement -

Иако со години беа познати како даночен рај, Кајманските Острови наскоро ќе ги отворат своите книги и до 2023 година ќе ги објави податоците за сопствениците на секоја компанија која има седиште таму. Поточно, законот на оваа островска земја ќе биде ист на тој кој минатата година беше усвоен во Обединетото Кралство, кој е во согласност со директивите на Европската унија.

- Advertisement -

Уште во 2015 година Кајманските Острови конечно сфатија дека нивните даночни закони овозможувале перење пари. Откриено е дека оваа британска територија е предмет на внатрешни и надворешни закани од перење пари и финансирање на тероризам индекс островот е потенцијален дом на меѓународни измами, избегнување на плаќање данок и трговија со дрога. 2015.
Како голем офшор финансиски центар, малата британска островска територија одигра голема улога во некои од најголемите корпоративни скандали во 21 век. Инаку на Кајманските Острови се наоѓаат 1,5 компании по жител. Колку за споредба, Девствените Острови имаат дури 15,7 компании по жител, а Бермудските Острови имаат 0,25 по жител.

Поголемата транспарентност тврдат водачите на кампањи против корупција, ќе ги спречат оние кои сакаат да сокријат пари на островот на кој моментално е речиси невозможно да се открие кој поседува компанија регистрирана на таа британска територија.

- Advertisement -

“Кога податоците за сопственоста на компаниите регистрирани на сите британски прекуморски територии ќе бидат јавни, криминалците и корумпираните потешко ќе ги користат даночните раеви за да ги сокријат украдените пари” сметаат од антикорупциското невладино здружение Global Witness.

Сподели!
- Advertisement -