Ford направи паметен кревет кој ги држи партнерите на својата страна од креветот

- Advertisement -

Вистински тест за толеранција во една љубовна врска е кога доцна во ноќта ќе се разбудите и ќе видите дека партнерот/партнерката не може да остане на својата страна на креветот. Но, со помош на новата технологија и со помош на овој паметен кревет ќе го решите и тој проблем.

Паметниот кревет кој го направи производителот на автомобили Ford им помага на луѓето да останат на својата страна од креветот, а се со цел да можат да се наспијат и двајцата партнери. Прототипот на креветот на Ford автоматски ги враќа себичните партнери назад на нивната страна со помош на вградени сензори.

- Advertisement -

Откако ќе се активираат сензорите како замка креветот користи интегрирана транспортна трака за полесно да го преврти партнерот на другата страна. Кога спијат заедно, многу партнери имаат помалку простор отколку за едно дете. Луѓто се доста ранливи додека спијат, па сме програмирани да се разбудиме кога некој и нешто неочекувано не допре. Меѓутоа, доколку некој се префрли на вашата страна од креветот на Ford, одбранбен механизам ќе го турне за да можете нормално да спиете.

Меѓутоа, од Ford уште не наведуваат дали планираат да го произведуваат креветот.

Сподели!
- Advertisement -